ПРИКАЖИ МЕНИ LATINICA ENGLISH

Што е биопсија?

Биопсија е земање мал примерок од ткиво или телесна течност со цел да се анализира во лабораторија и постави конечна дијагноза.

Ако имате симптоми на болест или е потребно да следите некој орган, лекар може да препорача биопсија за да се утврди дали е рак или нешто друго.

Снимање со рентген, компјутеризирана томографија, магнетна резонанса или слични методи на визуелизација се корисни во откривање ткивни нарушувања како нпр. маси, јазли, грутки и сл., но само со снимање не може да се разликуваат канцерогени од неканцерогени клетки. За конечно потврдување или исклучување на рак, потребна е биопсија.

Биопсија најчесто се прави под локален анестетик со цел болката да се минимизира.


Кои видови биопсии се користат за да се дијагностицира рак?

Иглена биопсија

Со специјална игла се извлекуваат клетки од сомнително ткиво. Иглена биопсија често се користи за тумори кои може да се напипаат преку кожа, како што се сомнителни грутки во града или зголемени лимфни јазли. Иглена биопсија комбинирана со истовремено снимање како нпр. ренген може да се користи да се соберат клетки и од подлабоки органи.

Типови иглени биопсии

Kога се прави иглена биопсија?

Примери: постои сомнеж за рак на тироидната жлезда, рак на дојка, рак на простата, рак на црн дроб, зголемен лимфен јазел, итн.


Биопсија на коскената срж

Коскената срж (срцевина) е сунѓересто ткиво во поголемите коски каде се произведуваат крвни клетки. Со анализа на примерок од коскената срцевина може да се открие што предизвикува проблем во крвта.

Лекар може да препорача биопсија на коскената срж ако е откриена абнормалност во крвта или ако има индикации дека клетки од рак (канцерогени клетки) допатувале до коскената срж.

Примерок од коскена срж се зема со долга игла.

Кога се прави биопсија на коскена срж?

Биопсија на коскена срж се користи за дијагностицирање на различни крвни проблеми кои можат но и не мораат да бидат рак. Примери за ракови на крвта се леукемија, лимфом и миелом.


Ендоскопска биопсија

Се користи тенка совитлива цевка со извор на светлина за да се испитаат внатрешни ткива. Преку цевката се внесуваат специјални инструменти за да се земе мал примерок на ткиво за анализа.

Цевки за ендоскопска биопсија можат да се вметнат преку уста, ректум, уринарен тракт или мал засек во кожа.

Примери за ендоскопска биопсија:

Во зависност од видот на ендоскопска биопсија, може да се даде седатив или анестезија пред постапката.


Биопсија на кожа

Биопсија на кожа најчесто се користи за да се дијагностицираат состојби на кожата, вклучувајќи рак (на пример меланом). Начинот на земање и обемот на примерокот зависи од типот и степенот на промените.

Пред почетокот на постапката се дава локален анестетик.


Хируршка биопсија

Ако до сомнителните клетки не може да се пристапи со други биоптички процедури или ако резултатите од друг тип биопсија се недоволни, вашиот лекар може да препорача хируршка биопсија. За време на хируршка биопсија, хирург прави инцизија во кожа за да пристапи кон сомнителното ткиво. Примери на хируршка биопсија се операција за отстранување на грутка од дојка, операција за отстранување на лимфни јазли за можна дијагноза на лимфом итн.

Инцизиона хируршка биопсија е отстранување (релативно мал) дел од сомнително ткиво. Ексцизиона хируршка биопсија е отстранување на целото сомнително ткиво.

При хируршка биопсија може да дадат локални анестетици, но поинвазивни процедури бараат општа анестезија.


Анализа и резултати од биопсија

Добиениот примерок од ткиво се испраќа во лабораторија за анализа. Примерокот хемиски се третира и потоа се сече на многу тенки листови. Листовите се поставуваат на стаклени слајдови, се бојат за подобрување на контрастот, и испитуваат под микроскоп.

Добиените резултатите помагаат на вашиот лекар да утврди дали клетките се рак. Ако клетките се рак, од резултатите од биопсијата може да се утврди од кој орган потекнува ракот т.е. да го определи видот на рак.

Во случај на откривање на рак, биопсијата исто така помага да се утврди агресивноста т.е. градусот на ракот. Оценката понекогаш се изразува на скала од 1 до 4. Рак од градус 1 е најмалку агресивен, а рак од градус 4 е најагресивен. Според оваа информација се одредуваат опциите за терапија.

Во повеќето случаи, резултатите од биопсијата се достапни после два до три дена.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Што е тоа биопсија?
Што е тоа рак?
Отечен лимфен јазел и малигност
Рак на дојка
Рак на бели дробови
Рак на простата
Малиген меланом
Шест совети за намалување на шансите за рак

   ПЗУ „БИОПСИЈА“

 Приватен дијагностички центар
Лабораторија за патохистологија и цитологија

Локација: Скопје - Центар, Македонија (МК)
Во близина на Државна Болница ДЕТАЛИ
Работно време: Пон-Пет: 9-16 ч. Саб: 10-14 ч.
Телефон: (+389 2) 317 99 66

©2001-2021 ПЗУ БИОПСИЈА Услови