ПРИКАЖИ МЕНИ LATINICA ENGLISH

Рак на дојка

Рак на дојка (града) е втор најчест тип на рак кај жените после рак на кожа. Рак на дојка може да се појави и кај мажи иако многу поретко одошто кај жени.

Симптоми: грутка или здебелување; крвав исцедок низ брадавицата, промена на големина или форма на дојката; промена на кожата или брадавицата на дојката, на пример вдлабнатини; лупење на кожата на дојката или брадавицата.

Клетките на ракот на дојка можат да се рашират како метастази на лимфните јазли или други делови на телото.

Се смета дека само 5% од случаите рак на дојка се поради наследени генетски мутации.

И покрај многубројните истражувања, останува нејасно што точно го причинува ракот на дојка и зошто утврдените ризик фактори не се применливи на сите луѓе подеднакво. Се претпоставува дека генетската даденост како целина има важна улога, независно од факторите во животната средина.

Ризик фактори: напредна возраст, ако веќе имало рак на другата дојка; ако блиски роднини како мајка, сестра или ќерка заболеле од рак на дојка; претходна изложеност на јонизирачко зраење во пределот на градите во терапевтски цели; прекумерна телесна тежина; почеток на менструален циклус пред 12 годишна возраст; почеток на менопауза во поодмината возраст; прворотка после 35; жена која претходно не била бремена; хормонска терапија за ублажување на симптоми на менопауза; конзумирање алкохол.

Методи на дијагностика:

Стадиум на рак на дојка: Се движи од 0 до 4, при што 0 означува мал и неинвазивен рак на дојка, а 4 означува дека ракот се раширил во форма на метастази на други делови од телото.

Дијагностицирање на метастази: Ако е утврден рак на дојка, може да се пристапи кон земање на неколку лимфни жлезди од пределот под пазувата. Се претпоставува дека во случај на ширење на метастази од ракот на дојка, овие лимфни јазли ќе бидат зафатени први. Ако со помош на биопсија не се пронајдат ракови клетки во овие лимфни жлезди, веројатноста да се пронајдат метастази во други лимфни јазли е мала и не се врши понатамошно испитување на други лимфни јазли.

Терапија: По утврдување на рак на дојка, најчесто ракот се отстранува хируршки.
Терапијата често продолжува со хемотерапија, хормонска терапија или зрачење.

Алтернативна медицина: најчесто не помага за сузбивање на ракот или има занемарливи ефекти, но може да помогне за подобрување на општото самочувство кај пациентот.

Превенција или намалување на веројатноста за заболување од рак: Редовен скрининг и самопрегледување со цел да се откријат рано грутки или други невообичаени знаци и симптоми, неконзумирање алкохол, редовни физички активности, избегнување на хормонална терапија против постменопаузални тегоби, умерена и разумна исхрана со цел запазување на нормална телесна тежина.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Што е тоа биопсија?
Што е тоа рак?
Отечен лимфен јазел и малигност
Рак на дојка
Рак на бели дробови
Рак на простата
Малиген меланом
Шест совети за намалување на шансите за рак

   ПЗУ „БИОПСИЈА“

 Приватен дијагностички центар
Лабораторија за патохистологија и цитологија

Локација: Скопје - Центар, Македонија (МК)
Во близина на Државна Болница ДЕТАЛИ
Работно време: Пон-Пет: 9-16 ч. Саб: 10-14 ч.
Телефон: (+389 2) 317 99 66

©2001-2021 ПЗУ БИОПСИЈА Услови