ПРИКАЖИ МЕНИ LATINICA ENGLISH

Прогноза за преживување при малиген меланом

Меланомот е вид на рак кој започнува во клетките на кожата кои го создаваат пигментниот меланин. Обично започнува како темно петно (бенка) на кожата, но може да се формира и во друго ткиво, како што е окото или цревата. Важно е да се внимава на бенки и промени во вашата кожа, бидејќи меланомот е смртоносен ако почне да се шири.

Стадиуми на малиген меланом

Напредокот на меланомот е опишан со стадиуми според тоа колку е раширен ракот. Физичкиот преглед обично е доволен за да се идентификува меланомот на стадиум 1. Но за мерење на напредокот на ракот неопходна е пософистицирана технологија, како што се снимања и биопсии на лимфни јазли. Во раните стадиуми, меланомот е состојба која може да се излечи. Но, ракот мора да се идентификува и да се третира брзо.

Постојат пет стадиуми на меланом. Првиот стадиум се нарекува стадиум 0, или меланом на самото место (ин ситу). Последниот стадиум се нарекува стадиум 4. Стапките на преживување опаѓаат во секој нареден стадиум. Стапките на преживување за секој стадиум се само проценки. Секоја личност со меланом е различна и шансите варираат врз основа на бројни фактори.

Стадиум 0

Стадиум 0 меланом е исто така наречен меланом на самото место (ин ситу). Ова значи дека пациентот има некои абнормални меланоцити. Во овој стадиум клетките можат да станат канцерогени, но тие се едноставно абнормални клетки во горниот слој на вашата кожа. Меланомот на самото место може да изгледа како мала бенка. Иако може да изгледаат безопасни, сите сомнителни промени на вашата кожа треба да бидат оценети од дерматолог.

Стадиум 1

Во стадиум 1A, туморот е со дебелина 1 милиметар. Нема улцерации, што значи дека туморот не пробил низ кожата. Стадиум 1Б може да значи две работи: туморот е со дебелина 1 мм и има некаква улцерација, или е со дебелина 1-2 мм и нема улцерации.

Стадиум 2

Меланом во стадиум 2 значи дека туморот пораснал повеќе од 2 мм во дебелина. Лекарите, исто така, ќе го анализираат туморот за да видат дали тој е улцериран. Хируршко отстранување на канцерогениот тумор е вообичаена стратегија за третман. Лекарот може да побара биопсија на лимфните јазли за да го утврди напредокот на ракот.

Стадиум 3

Во овој стадиум, туморот може да биде било која големина или облик. За да се смета за стадиум 3 меланом, ракот треба да се прошири на лимфниот систем. Можна е хирургија за отстранување на канцерогените ткива и лимфните јазли. Радијационата терапија и третманот со други моќни лекови се исто така вообичаени третмани во стадиум 3.

Стадиум 4

Стадиум 4 значи дека ракот се проширил и на други делови од телото, како што се белите дробови, мозокот или други органи и ткива. Може да се прошири и на лимфните јазли кои се пооддалечени од оригиналниот тумор. Како таков, меланомот во стадиум 4 е тешко излечив со сегашните третмани.

Фактори кои влијаат врз стапките на преживување

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Што е тоа биопсија?
Што е тоа рак?
Отечен лимфен јазел и малигност
Рак на дојка
Рак на бели дробови
Рак на простата
Малиген меланом
Шест совети за намалување на шансите за рак

   ПЗУ „БИОПСИЈА“

 Приватен дијагностички центар
Лабораторија за патохистологија и цитологија

Локација: Скопје - Центар, Македонија (МК)
Во близина на Државна Болница ДЕТАЛИ
Работно време: Пон-Пет: 9-16 ч. Саб: 10-14 ч.
Телефон: (+389 2) 317 99 66

©2001-2021 ПЗУ БИОПСИЈА Услови